Што да облечете денес?

29 јануари 2015

Овој четврток бидете елегантна дива која ќе остави впечаток каде и да се појави! Одберете шик тесни панталони во бела боја и комбинирајте ги со црна, свилена маичка без ракави.

Денешниот стајлинг надополнете го со тренди бело палто со џебови што одлично ќе се вклопи во комбинацијата.

Со оглед на тоа што самата комбинација е неверојатно силна и моќна, крунисајте ја со црни елегантни потпетици и чанта во истата боја. Бисерните обетки со златни детали се доволни кога станува збор за накитот во оваа комбинација.

Уживајте во претпоследниот, сончев ден од работната недела!

Објавено:
29 јануари 2015
Категорија: 
Тренд