Што да облечете денес?

3 февруари 2015

Девојки денеска ја комбинираме бојата што ќе биде вистински хит оваа година со секогаш неизбежната црна! За овој сончев вторник одберете го вашето омилено кусо здолниште со цветови со удобен и топол црн џемпер. Целиот акцент во денешната комбинација е ставен на модните додатоци, а дефинитивно највпечатливиот е шик шапката во боја на вино. Ретро чизмите нека бидат во иста боја како и шапката, а бидете храбри и истите комбинирајте ги со дебели тренди чорапки во сива боја и хулахопки по ваш избор. Чантата повторно е црна, а шминката ја нагласуваме со неодолив кармин во темно црвена боја.

Уживајте во овој сончев ден во надеж дека ќе има уште многу вакви!

 

Објавено:
3 февруари 2015
Категорија: 
Тренд