Што да облечете денес?

23 февруари 2015

Девојки, оваа работна недела ја започнуваме со шик комбинација која покрај тоа што е многу удобна, истовремено е и многу модерна и елегантна.

sto-da-oblecete-denes

Денеска одберете ги вашите омилени фармерки со искинати делови и комбинирајте ги со тренди карирана кошула во црвени нијанси. Одозгора одберете нежно палто во крем боја што неодоливо ќе се усогласи со денешниот избор на потпетици. Што се однесува до модните додатоци, чантата во кафена боја совршено ќе се вклопи во комбинацијата, а не заборавајте да ги понесете и вашите омилени очила за сонце доколку истото нѐ изненади во текот на денот. Во однос на шминката, денеска целиот акцент го ставаме на црвениот кармин!

Ви посакуваме успешен почеток на работната недела.

Објавено:
23 февруари 2015
Категорија: 
Тренд