Што да облечете денес?

8 март 2015

Драги наши дами, овој 8 Март блеснете во беспрекорна црвена комбинација каде и да се појавите!

Веруваме дека веќе направивте некои планови каде и како ќе го поминете овој ден, а ние ја имаме совршената комбинација за вас.

Ви го предлагаме овој неодолив фустан од тантела од последната капсулна колекција на модната куќа Елена Лука кој е вистински синоним за женственост.

Истиот е изработен од висококвалитетна тантела во црвено – црна боја, а половината е нагласена со луксузна свилена лента што му дава вистински елегантна димензија.

Комбинирајте го со едноставни црни потпетици и нежна шминка и фризура, бидејќи самиот по себе тој раскажува доволно раскошна приказна!

Ви посакуваме прекрасен ден исполнет со пријатни дружби!

Објавено:
8 март 2015
Категорија: 
Тренд