Што да облечете денес?
•
9 март 2015
Утрово конечно се разбудивме без дожд и со малку потопли температури, па сега е вистинско време да го облечете вашето омилено здолниште.
Носиме бело волуменозно здолниште во А – крој и го комбинираме со топло џемперче во темно црвена боја. Во денешната бохо комбинација вметнете и шармантно тексас елече што одлично ќе се спои со останатите бои. Одберете и кафени чизмички со шарени детали и чанта во слична боја со неодоливи бохо моменти. Она што денеска е особено важно е и накитот, па одберете впечатлив ѓардан и интересни колоритни алки што одлично се надополнуваат меѓу себе.
Ви посакуваме прекрасен почеток на работната недела!