Што да облечете денес?
•
19 март 2015
Овој четврток носиме слатка комбинација составена од неколку шармантни парчиња во нежни нијанси. Здолништето е до колена изработено од прекрасен твид во неколку нијанси, а истото денеска го комбинираме со бела блузичка и розово палто.
Носиме и балетанки во иста розова нијанса, а подеднакво женствен е и накитот што го носиме, што денеска е исто така во прекрасна розова боја.
Уживајте во претпоследниот ден од работната недела!