Што да облечете денес?
•
20 март 2015
Драги дами, конечно дојде лежерниот петок што толку долго го очекувавме! Овој сончев ден носиме едноставни темни фармерки и ги комбинираме со лесна бела кошулка. Одозгора, го носиме омиленото карирано палто во комбинација со слатки сребрени балетанки и чанта во темно сина боја.
Денеска сме подготвени за успешен работен ден и луда забава со пријателките!