Сонцево утрово дефинитивно не натера да ги извадиме пролетните маички и кимона од нашиот плакар! Иако можеби температурите сѐ уште не се доволно високи за ваква храбра комбинација, ние едноставно не можеме да чекаме повеќе. Денеска носиме шик фармерки во посветла нијанса и ги комбинираме со слатка светкава маичка во златна боја. За бохо димензија на комбинацијата, тука е неизбежниот тренд сезонава – цветното кимоно чиј примерок мора да го имате во вашиот плакар. За уште повеќе стил во денешната комбинација, одберете и кафена шапка и чанта со бохо мотиви, а истата надополнете ја со куси чизмички во крем нијанса. Обетките денеска се долги и златни, а по ваш избор, доколку сметате дека сѐ уште не е време за толку храбра комбинација, со себе понесете и палто во некоја шик боја.
•
2 април 2015
Објавено:
2 април 2015Категорија:
Тренд