Што да облечете денес?

8 април 2015

Оваа среда времето како малку да се подобри! Токму поради тоа, веднаш од плакарот ги извадивме интересните парчиња кои денеска неодоливо ги комбинираме. Носиме краток тексас комбинезон и го комбинираме со маичка на долги ракави со пруги. Бидејќи температурите сѐ уште се многу ниски, овој комбинезон задолжително комбинирајте го со црни подебели хулахопки. Одозгора облечете го црниот капут што одлично ќе се вклопи со црните чизмички до глужд и чантата во иста нијанса. Шапката во кафена боја совршено ќе го надополни денешниот изглед, а очилата за сонце за секој случај нека бидат со вас!

Објавено:
8 април 2015
Категорија: 
Тренд