Што да облечете денес?

20 април 2015

Овој понеделник да го започнеме во пастелна комбинација за недела полна свежина и ведрина! Денеска носиме тесни бели панталончиња и ги комбинираме со џемперче во хит бојата за оваа пролет – жолтата. Комбинацијата разиграјте ја со кул ѓерданче во неколку впечатливи бои и кафена чанта и обувки во истата нијанса. Доколку сметате дека температурите сѐ уште не ни дозволуваат ваков вид чевлички, истите слободно заменете ги со вашите омилени балетанки.

Панталони, џемпер, чанта, чевли - Манго
Очила за сонце, ѓердан - Parfois 

Ви посакуваме успешен почеток на работната недела!

Објавено:
20 април 2015
Категорија: 
Тренд