Што да облечете денес?
•
8 мај 2015
Девојки конечно дојде лежерниот петок! Денеска носиме широки фармерки со искинати делови и ги комбинираме со лесна бела маичка. Чевлите и чантата во пастелно розова боја се тотално шик, а одлично ќе се усогласат и со ментол зеленото тенко палто. Накитот денеска е во златна нијанса, а веќе знаете дека насмевката на овој сончев ден е задолжителна!