Што да облечете денес?

20 мај 2015

c56a84aa15b5cf4e49a3bbca5e936d39

Време е да го извадите вашиот макси фустан. Нашиот денешен предлог е еден без ракави, во свежа, портокалова боја. Сонцето и денес ќе биде присутно, па извадете ги омилените сандали. Во нашата комбинација, долгиот фустан го комбинираме со сандали во кафена боја, а и модните додатоци се во истата боја. Макси фустанот сам по себе е практично и удобно парче, па во однос на практичноста одберете и чанта за преку рамо, која ќе ви ги остави рацете слободни да се дивжат.

Очилата за сонце се веќе моден додаток кој е задолжителен.

Ви посакуваме весела среда!

Објавено:
20 мај 2015
Категорија: 
Тренд