Што да облечете денес?
•
2 јуни 2015
Денеска уживајте во цветниот вторник полн со сонце! Носиме слатко фустанче без прерамки со неодолив цветен дезен и во утринските часови го комбинираме со тексас јакничка. Целиот акцент денеска го ставаме на слатките балетанки во темно розова боја, а комбинацијата ја крунисуваме со тренди волуменозна чанта во кафена боја и алки во слична нијанса. Розовите обетки се само детал плус на и онака шармантната комбинација.
Уживајте во сонцето!