Што да облечете денес?

5 јуни 2015

Овој петок поминете го во целосно бела комбинација составена од шармантно фустанче со фалти во долниот дел. Оваа комбинација е совршена за во текот на денот, но подеднакво прекрасна и за вечерните излегувања. Доколку се одлучите да ја носите на работа, комбинирајте ја со рамни бели сандали и слатко ранче, а во вечерните часови, со шик сандали на потпетица и мини чантичка. Белиот фенси часовник е соодветен и за двете комбинации и сосема доволен за денеска!

Уживајте во последниот ден од работната недела!

Објавено:
5 јуни 2015
Категорија: 
Тренд