Што да облечете денес?
•
8 јуни 2015
Понеделникот ќе го започнеме со една нежна и светла комбинација. Извадете ги омилените бели фармеки и искомбинирајте ги со кошула во пастелна боја. Во нашиот случај тоа е кошула без ракави во светложолта. Ако сте изложени на клима подолг временски период од работниот ден, тенка наметка или кардиган во светлосина боја ќе ви бидат добредојдени.
Модните додатоци се во истите бои - чантата е жолта, додека балетанките бели со сини детали. Накитот нека биде по ваш избор. Може да е ѓердан или пак обетки.
Ви посакуваме успешна работна недела.