Што да облечете денес?

15 јуни 2015

Овој топол понеделник одберете го најлесното фустанче на светот, бидејќи температурите дополнително ќе се зголемуваат! Комбинирајте го со вашите омилени шик сандалки и волуменозна чанта во некоја интензивна боја, во случајов, портокалова. Од накит, денеска носиме интересни прстенчиња, и секако, како и секој друг ден, не ги забораваме очилата за сонце!

Имајте успешен почеток на работната недела!

 

Објавено:
15 јуни 2015
Категорија: 
Тренд