Што да облечете денес?

19 јуни 2015

Драги девојки, овој петок поминете го во супер лежерна комбинација составена од две едноставни парчиња во кои ќе уживате во текот на целиот ден. Одберете куси тексас панталони, секако, ако обврските ви го дозволуваат тоа, и комбинирајте ги со портокалова кошулка со точки. Сандалите денеска се рамни и удобни во кафена нијанса, а чантата е нежна и светла. Очилата за сонце се задолжителни за овој прекрасен, сончев петок!

Објавено:
19 јуни 2015
Категорија: 
Тренд