Што да облечете денес?

23 јуни 2015

Драги девојки, ова утро се разбудивме со супер температури во нашата земја, па конечно е време да покажеме малку кожа! Денеска носиме куси тексас панталони и ги комбинираме со едноставна бела маичка без ракави. Бидејќи утрово нема знаци за дожд, одберете ги и вашите омилени сандалки со ремчиња и мини бела чантичка. Како што и одговара на комбинацијата, одберете сладок бохо накит, денеска составен од многу алки!

Ви посакуваме прекрасен и исполнет вторник!

Објавено:
23 јуни 2015
Категорија: 
Тренд