Што да облечете денес?

24 јуни 2015

crvena

Нашиот денешен предлог е црвена летна комбинација. Фустаните во форма на кошули се мошне популарни, па токму денес комбинираме еден таков без ракави, со црвено-бел принт. Во зависност од денешените обврски и пригоди, одлучете дали ќе го комбинирате со високи потпетици, во нашиот случај во бела боја, или со рамни еспадрили.

Очилата за сонце се задолжителен моден додаток, а црвената чанта за преку рамо, совршен практичен избор. Кога сме веќе кај модните додатоци, шнола со цвеќенца уште повеќе ќе го нагласи летниот изглед.

Ако црвено носи радост, тогаш нема причина оваа среда да не биде среќна и радосна!

 

Објавено:
24 јуни 2015
Категорија: 
Тренд