Што да облечете денес?

26 јуни 2015

Утрово нѐ дочекаа малку пониски температури во главниот град, па токму поради тоа одлучете се за вашата омилена кошулка во светла боја и едноставни црни панталони. Комбинацијата надополнете ја со шик оксфордки во случај да заврне во текот на денот и „училишна“ чанта во истата нијанса како чевлите. Комбинацијата сама по себе е доволна, па така денеска ослободете се од било каков накит и уживајте во лежерноста.

Уживајте во последниот ден од работната недела и подгответе се за викенд!

Објавено:
26 јуни 2015
Категорија: 
Тренд