Што да облечете денес?

30 јуни 2015

И ова утро се разбудивме со пониски температури, но и со дожд што побара од нас да заборавиме на летните комбинации. На само еден ден пред омилениот јули, повторно одберете панталони и кошулка на долги ракави бидејќи сѐ уште не е време за летните фустанчиња. Бидејќи на омилените сандалки местото сѐ уште им е во плакарот, и денеска одберете патики во кои ќе се чувствувате удобно во текот на целиот ден. Никако не заборавајте ја и вашата омилена чантичка и додатоците без кои не минува ниту еден ден.

Објавено:
30 јуни 2015
Категорија: 
Тренд