Што да облечете денес?

2 јули 2015

5bf47f6e2ec8ea7d89b3600fd06e2aa5

Сонцето повторно ни се врати, па нашиот денешен предлог е една светла комбинација. Широкиот фустан со грчки отвор, што слободно паѓа надолу, е идеален за повеќе пригоди. Со соодветни чевли и чанти, може да биде вашиот прв избор и за деловниот дел од денот, но и оној за забава.

Нашиот предлог се сандали во пудреста нијанса и бела плик чанта. Со оглед на минимализмот на овие парчиња, можете да си дозволите масивен ѓердан и алки.

Ова е одлична комбинација доколку планирате после работните обврски да се релаксирате со колегите или пријателите.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
2 јули 2015
Категорија: 
Тренд