Што да облечете денес?

3 јули 2015

kom

Високите температури повторно ни се вратија, па за денеска ви презентираме една летна и светла комбинација. Белиот фустан со тантелни елементи е нешто што веруваме речиси секоја девојка и жена би го посакала во својот гардеробер. Идеален за актуелната сезона, ние го искомбиниравме со пастелно зелени сандали, за да ја избегнеме белата монотонија што може да се создаде. Малата чанта за преку рамо ја одбравме во иста боја со сандалите, додека очилата за сонце со фустанот.

Од модните додатоци, одбравме нежен часовник, а кога е накитот во прашање, нежните обетки во форма на цвет сосема не воодушевија.

И бидејќи е петок, оваа комбинација е совршена за било кое летно диско или забава на која планирате да одите!

Објавено:
3 јули 2015
Категорија: 
Тренд