Што да облечете денес?

4 јули 2015

c810d02af3473acf96f00799c780f181

Сабота е ден за забава, а ние денеска ви предлагаме една црно-бела провокативна комбинација. Пенало-здолништата се веќе одамна апсолутен хит, а едно такво бело, во летниот период може да ви биде основа за бројни комбинации. Сепак, во случајов го комбинираме со краток топ во црна боја. Кројот, а и целата комбинација бара да имате складно тело, па доколку не сте сигурни дека можете да го износите, тогаш белото здолниште можете да го комбинирате и со топ што е полежерен и широк.

Црни сандали со ремче се асоцијација на секси, а црните очила за сонце моден додаток без кој летово не излегуваме од дома.

Искористете го викендот и забавувајте се добро!

Објавено:
4 јули 2015
Категорија: 
Тренд