Што да облечете денес?

29 ноември 2013

За овој петок ви предлагаме елегантна и женствена комбинација која е лесно адаптибилна како за преку ден, така и за вечерва доколку излегувате во град. Од вашата гардероба извадете го црниот капут, пенкало здолништето на пруги, црвена кошула и салонки со висока потпетица. Црвената, црната и белата боја, оддаваат слика на моќ и отменост, а во зависност со вашите обврски за преку ден можете  да облечете црни чизми до глужд, додека за вечерта чевлите како од фотографијата.

Објавено:
29 ноември 2013
Категорија: 
Тренд