Што да облечете денес?

30 ноември 2013

За оваа сабота ви предлагаме комбинација за вечерно излегување. Нашиот избор на парчиња во кафена, жолта, пастелна и зелена боја нека ви бидат насока за вечерниот стајлинг. Се разбира, не морате да ги имате идентичните парчиња како на фотографијата, но пробајте да  ги споите сличните од вашиот гардеробер. Овие нијанси одлично се надополнуваат една со друга, а ќе придонесат да изгледате женствено преку оваа неформална елеганција. Чувствувајте се моќно во сопствената кожа и имајте убава вечер!

Објавено:
30 ноември 2013
Категорија: 
Тренд