Што да облечете денес?

27 јануари 2014

Денешната комбинација е спој од црна боја, пастелни нијанси и џинс. Почнете ја неделата со лежерна, комфорна и спортска комбинација, од која пред се ќе ви биде топло преку целиот ден. Извадете ги од плакарот вашите омилени цигара фармерки од светол џинс, дебел и долг џемпер што по малку наликува на туника или пелерина и црниот класичен капут во строг крој. Секако, чизмите се задолжителни поради непредвидливото студено време, затоа облечете ги најтоплите. Имајте убав и практичен почеток на неделата!

Објавено:
27 јануари 2014
Категорија: 
Тренд