Што да облечете денес?
•
1 февруари 2014
Оваа зима важи девизата: нема да погрешите ако одберете розово! За саботно кафе со пријателите може да комбинирате удобно меко палто со едноставна еднобојна маица и суптилен накит. Ако сте прагматична по природа, соодветни би биле чизми до глужд со средно висока потпетица заради удобност, а со истата причина одберете еластичен џинс во цигара-крој. Доколку немате потреба од поголема чанта, одличен избор би била мала плик чанта со колоритен флорален дезен.