Што да облечете денес?

18 февруари 2014

Вторнички ви предлагаме лежерна тренди комбинација од светол џинс на бојс фармерки и широк сив џемпер под кој ќе облечете црна или бела кошула. Доколку преферирате ваков стил и комфорни парчиња, целосниот изглед потенцирајте го  со впечатливи аксесоари како  зимската шапка и црните чизми до глужд. Од накит можете да ставите само некој суптилен ѓердан, а доволен би ви бил и масивен машки часовник во сребрена нијанса. Имајте убав ден!

Објавено:
18 февруари 2014
Категорија: 
Тренд