Што да облечете вечерва?

15 март 2014

Драги наши девојки доколку имате дилема што да облечете вечерва за излегување во град, ние ви предлагаме токму вечерна комбинација која веруваме дека ќе ви де допадне. Нашиот избор е на класични црни парчиња во машки крој како црното сако под кое може да комбинирате едноставен црн топ. Надополнете со црни  бермуди кои пак одлично се согласуваат со црвената шапка и чевлите на висока потпетица со нагласен црвен ремен кај глуждот. Во однос на шминката, вашите црвени усни нека бидат главниот адут.  Имајте прекрасна вечер!

Објавено:
15 март 2014
Категорија: 
Тренд