Што да облечете вечерва?

22 март 2014

Fashionel секогаш е тука за сите девојки што немаат време, а имаат дилема околу тоа каква вечерна комбинација да облечат за излез во град. Секое место и прилика бараат соодветен изглед, па така независно дали одите во дискотека или ресторан вечерва, ние ви предлагаме ултра модерна и тренди комбинација во која пред се ќе ја нагласите вашата силуета и женственост. Комбинезоните  се апсолутен хит периодов, а нашиот предлог е на таков во црна боја со рокерски мотив од нагласени раменици со сребрени нитни, врз кој ќе надополнете со црната  кожена мото јакна. Целокупниот изглед заокружете го со клач чанта со змиски принт и беж обувки со сребрена- беж текстура. Имајте убава вечер полна со погледи и комплименти за вашиот изглед!

 

 

Објавено:
22 март 2014
Категорија: 
Тренд