Што ни носат пролетните колекции на „high street“ брендовите?

17 јануари 2019

Елегантни и базични кроеви со модерни акценти е првата слика за пролетните трендови присутни кај новите колекции на „high street" брендовите.

Минимализмот со ноншалантна естетика доминира, но дизајнот на облекaта е разигран со бои и апстрактни и животински принтови.

Принтовите исто така се актуелни и кај модните додатоци, па комбинацијата на монохроматски парчиња со атрактивни модни додтоци – ќе биде актуелна оваа пролет.

Џинсот е модна константа, па секако е присутен и во новите пролетни колекции на „high street" етикетите, а популарни и оваа сезона остануваат дводелните костуми и едноставните фустани на прерамки во различни должини.

Погледнете што ни носат пролетните колекции на комерцијалнте брендови и подгответе се за супер урбана пролет.

Објавено:
17 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.568 пати