Што носат модните инсајдери сезонава - инспирирајте се

4 октомври 2014

Актуелнава есен по својата разиграност, колорит и темперамент, потсетува на динамиката на пролетта. Покрај неизбежните црна и бела, колорната карта е богата со типично топли бои комбинирани со исто толку топла и пријатна облека.

Секојдневното проследување на уникатниот стилски избор на модните инсајдери ширум светот, сведува на заклучокот  дека повеќе не постојат ограничувања од аспект на годишното време, туку „ин“ е да се комбинираат спротивности, дури и во таа насока. Па не е чудно, што отворените сандали повеќе не се резервирани само за топлите летни прошетки, туку во зима се комбинираат со дебели чорапи. Веселите принтови со богат колорен спектар се насликани врз крзно и кожа како типични зимски материјали, кратките топови споени со здолништа со висок струк продолжуваат да се носат и есенва, како тренд кој беше актулен ова лето. Факт е: повеќе не постои радикална трансформација на плакарот, за секој случај оставете ги вашите омилени летни парчиња кои сигурно ќе ги вклопите во некоја есенска слоевита комбинација!

page3_840_472

page7_840_472

 

Објавено:
4 октомври 2014
Категорија: 
Тренд