Што носат Скандинавките ова лето?

25 јули 2022

Скандинавските минимализам и функционалност, годините наназад се наметнаа како силно присутна естетика на светско ниво.

Така е во повеќе животни сегменти, вклучително и во модата. Едноставно, на светот му се допаѓа скандинавската смисла за естетика.

Скандинавски шик е верзија на современата мода во која комбинацијата меѓу женствени и унисекс парчиња е главниот акцент, а сепак во сведена, базична верзија.

Дополнителна карактеристика на стилот на Скандинавките е основната колорна карта од црна, бела и беж тонови, но оваа палета особено последниве неколку сезони добива и поинтензивни бои изразени преку зелени, сини, жолти, црвени нијанси и деликатни дезени и принтови...

Па ако прашате што носат Скандинавките ова лето, одговорот би бил комбинација од ова погоре наведено, а интерпретирано преку лесни и пријатни материјали и ткаенини, во минималистички кроеви, надополнети со повпечатливи модни додатоци кои ја компензираат едноставноста: интересни сандали, влечки или чевли, плетени мини чанти или масивни очила за сонце.

Едноставни маички, панталони и џинс во прав крој, кошула-фустани, миди здолништа, предимензионирани блејзери и сите овие парчиња во меѓусебни комбинации, го прават базичниот летен имиџ на Скандинавките, во кој жените наоѓаат инспирација токму поради неговата едноставност и можност да му дадат своја, автентична интерпретација.

Во продолжение ќе погледнете летни идеи позајмени од инстаграм профилите на неколку познати стилски Скандинавки.

 

Објавено:
25 јули 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.606 пати