Швеѓанката со инспиративни зимски комбинации

10 јануари 2019

Скандинавската улична мода, веројатно е првата асоцијација за урбан, а функционален, зимски стил.
Токму на улиците во Шведска, ја побаравме инспирацијата за стилска и топла зима.

Како одличен пример го земаме стилот на шведската блогерка Елен Клаусон, која успева во идејата да го спои нејзиниот темпераментен и креативен дух со практичниот изглед.

Топлите јакни и капути, очекувано се задолжителни во нејзиниот стил. Елен секогаш во својот потесен избор ги вклучува впечатливите дезени и принтови, што му даваат свежина на секој изглед, а се одраз на нејзината потреба да експериментира.

Предимензионираните шалови секогаш го комплетираат нејзиниот имиџ, па во фотогалеријата ќе наидете на широк избор како да ги комбинирате во вашиот зимски стил.

Фото: Инстаграм

Објавено:
10 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.480 пати