Симпатична божиќна колекција за деца

30 ноември 2016

Празнична детска линија со мотиви се разбира инспирирани од божиќната магија, лансираше брендот Reserved и направи симпатичен едиторијал за истата.

Свечената колекција се состои од слатки фустанчиња, мини сакоа, светкави детали, џемпери со снежни мотиви, како и интересни модни додатоци во метални нијанси.

Палетата на бои е базирана на оние што се синоним за новогодишните празници: зелена, црвена, бела, а шармантните креации во голем дел се изработени од кадифе, годинешниов „must have".

Објавено:
30 ноември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
203 пати