Симпатични семејни фотографии од Деми Мур со Брус Вилис и ќерките во карантин

7 април 2020

Поранешните брачни партнери, холивудските ѕвезди Деми Мур и Брус Вилис карантинот го поминуваат заедно во друштво со нивните три ќерки.

Така кажуваат и фотографиите што тие ги објавуваат на Инстаграм во периодот на изолација.

На една од фотографиите што на својот профил ја објави една од ќерките, Талулу Бел, сите дури и се облечени синхронзирано, во пижами со пруги, што кај нивната публика испровоцира позитивни реакции.
На друга фтографија пак, што ја објави Деми Мур на својот профил, семејството е ангажирано во изработка на семеен фото проект.

„Екипата од карантин... работи на семеен фото проект", стои во описот под фотографијата.

Инаку, Деми Мур и Брус Вилис влегоа во брак во 1987 година, а се разведоа во 2000-та, но останаа одлични пријатели и перманентно ја одржуваат својата релација.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by tallulah (@buuski) onApr 6, 2020 at 1:35pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Demi Moore (@demimoore) onMar 28, 2020 at 11:41am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Demi Moore (@demimoore) onApr 3, 2020 at 11:06am PDT

Објавено:
7 април 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
10.867 пати