Сина кошула во нималку досадни деловни комбинации

6 ноември 2020

Веројатно во деловниот свет, сината кошула се смета за поформално парче вообичаено вметнато во сериозен бизнис изглед.

Така е доколку гледате еднострано на деловниот кодекс на облекување. Но, низ годините модата овозможи толку широк спектар на видици и во контекст на деловниот имиџ, што терминот „досаден" може да се избрише од речникот на бизнис модата.

Ако земеме предвид дека со години наназад тенденциите се во прилог на урбана, впечатлива и естетика која овозможува личен израз во деловниот изглед, тогаш и во класичната сина кошула препознаваме фантастично базично парче кое дозволува безброј стилски комбинации, а сепак прилагодени на кодексите на облекување во деловниот свет.

Тоа што е со минималистички дизајн и флексибилна за комбинирање, се карактеристики што ни даваат предност сината кошула да ја планираме во секоја ситуација кога сакаме стабилен, сигурен, а шик изглед.

Во дотерувањето може да ни помогнат многу ситни, а ефективни детали. Секогаш размислете за добар брош, марама, шал, суптилен накит како модни додатоци што со мал потег може да направат голема визуелна разлика.

Од друга страана, сината кошула подеднакво добро изгледа и со панталони и со здолниште со висок струк, и со килоти и со елегантен дводелен костиум, а секогаш може да ја носите и под блејзер или сако со атрактивен дезен. Во овој период од годината, идеална е за слоевити комбинации.

Селектиравме неколку, нималку досадни комбинации што вклучуваат кошули во сини нијанси вметнати во шик деловни комбинации.

Објавено:
6 ноември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.500 пати