Доколку ги следите познатите светски блогерки, тогаш сигурно досега сте ја погледнале Џули Сарињана или попозната како „Sincerely Jules“.
Таа неодамна ја посети Хрватска, поточно Дубровник во кој се заљуби како што повеќе пати напиша под фотографиите објавени на Инстаграм.
Џули својот блог го основала пред точно 10 години, како место на кое сакала да ги прикаже комбинациите што секојдневно ги правела, за нешто подоцна да стане една од најпочитуваните и најсакани блогерки во светот.
Денеска, таа е сопственичка на брендот Shop Sincerely Jules каде може да најдете супер парчиња во нејзин стил.
Соработката со брендот Soludos, ја одведе во прекрасната Хрватска каде таа секојдневно ги правеше најубавите комбинации кои се тотална инспирација за ова лето.
Судејќи според нејзиниот Инстаграм профил, таа се заљуби во Дубровник и сите негови убавини, а остана цели две недели уживајќи заедно со амбасадорките на брендот.
Нејзиниот Инстаграм профил е навистина најдобрата инспирација за ова лето, а таму ќе можете да ги најдете сите трендови кои таа успешно ги „зачинува“ со нешто свое со кое секогаш освојува.