Синџири се во мода!

16 септември 2020

„На Западот ништо ново“ е синтагмата која совршено може да се вклопи во контекст на модните трендови. Последниве години, односно деценија, сведоци сме на свртувањето на тркалото и враќањето на голем број трендови.

Во тој контекст оваа есен ќе имаме враќање на уште еден веќе добро познат - синџирите.

вака се носеа во 90-тите

Модните познавачи ќе се сетат на нивната кулминација во 90-тите. Фустани со синџири, чанти, накит... И 2000-тите имаа ваква фаза која не траеше долго, а есен 20/21 повторно во фокус ќе го стави овој моден додаток.

(десно) Шанел 1992, (лево) Лили Роуз Деп во истата креација во 2019 година

Дизајнерите веќе го најавија враќањето. Том Форд, Ботега Венета, Џонатан Андерсон се само дел од оние што помогнаа во популаризацијата на синџирите.

Андерсон ги имплементираше на чантите и обувките, давајќи им луксузна нота. Ботега Венета се послужија сосема со ретро естетиката, па на добро познатата кожена чанта со набори ѝ додадоа и синџири, а низ своите колекции порачаа дека и накитот во таква форма ќе биде „ин“.

Модните парчиња како фустани, јакни, палта и слично со детали во форма на синџири ќе бидат добредојдени есенва ако сакате впечатлив и тренди изглед.

Реакциите за враќањето на оваа тенденција од 90-тите се позитивни и новите генерации брзо ја прифаќаат бидејќи е лесно вклоплива во различни стилови - елегантен, лежерен, street style, деловен....

Ако веќе дома имате таков моден додаток, вратете го во употреба и ставете го актуелен контекст или ако немате, еве предлог за вашата шопинг-листа.

Фотографиите во продолжение нека послужат како инспирација.

Објавено:
16 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
548 пати