Сите актуелни верзии на кошула-фустаните

3 јуни 2020

Функционалноста што ги обединува естетиката и практичноста, е карактеристика на кошула-фустаните поради која постојано се на врвот на омилени модни парчиња, особено овој период од годината.
Всушност, со едно парче сте дотерани и тука е шармот на овој модел.

Иако годнава интензитетот на уличната мода не е толку изразен како вообичаено, поради разбирливи причини, сепак овој тип на облека е често присутен во модните комбинации и тоа имплементиран на најинвентивни начини.

Од слоевити миксови со корсети и шорцеви до дамски изданија во романтичен спој со сламени шешири и чанти.

Тенденција се оние модели со „бумбарести"ракави, со карнери, како и опуштените и широки кроеви.
Вака изгледаат во актуелната улична мода.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
3 јуни 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.515 пати