Сите есенски комбинации со омилената бела кошула

4 септември 2020

За класиката не постои сезона. А тука припаѓа и белата кошула, незаменливо парче кое има место во сечиј стил.

Дизајните на ова класично парче се трансформираат под влијание на тенденциите, но есенцијата останува иста и секогаш присутна.

Пред нас е нова сезона што ќе ни донесе нови изданија на белата кошула.

Ако земеме предвид дека есенските колекции веќе се изложени, имаме увид што може да очекуваме и во однос на моделите на бели кошули.

Како особено популарни се издвојуваат оние со ретро, масивни јаки, „пуфкасти" ракави, како и предимензионираните модели што може да ги носите и како фустани.

Бидејќи белата кошула е базично парче, погодно е да се носи во секакви варијанти.
Есенва ќе ја комбинираме во слоевити аутфити со блејзер, џинс палто, џемпери... Ќе ја носиме со елегантни панталони и здолништа, но и со кожени килоти и бермуди. Комбинацијата со елек и ремен што ја нагласува половината, заедно со чизми до глужд, повторно ќе биде актуелна.

Дури и наједноставната минималистичка комбинација на бела кошула со џинс панталони и само еден мал детаљ што ќе даде акцент, е совршен избор за оваа есен, во секоја ситуација кога немате идеја што да облечете.

Издвоивме неколку шик предлози што ќе ви дадат идеја како оваа есен да ја комбинирате омилената бела кошула.

Фото: Пинтерест

Објавено:
4 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.097 пати
Тагови: 
бела кошула