Сите ја обожаваат кошулата со точки на брендот Jacquemus

31 мај 2017

Веќе знаете дека социјалната мрежа Инстаграм е една од најпопуларните во моментов и токму таму, секоја сезона можеме предвреме да ги дознаеме најголемите трендови.

Меѓу најголемите трендови оваа пролет се кошулите со точки, а особено еден специфичен модел се истакна како омилен меѓу девојките.

Станува збор за кошулка од францускиот бренд Jacquemus, зад кој стои самоук дизајнер кој за кратко време стана ултра популарен благодарение на впечатливите модели кои ги изработува.

На неговата ревија имавме можност да ги видиме моделите како Кендал Џенер, но и првиот дизајнер на Баленсијага, единствениот Демна Гвасалија.

Младиот дизајнер Симон Порте својот бренд го основал без никакво претходно знаење, ниту пак образование во тоа поле, поради што наиде и на многу критики во почетокот.

Неговата колекција за сезоната пролет/лето 2017 година предизвика вистинска еуфорија кај девојките, особено кошулката со точки која за кратко стана омилена.

Кошулката има бела основа со црни крупни точки и волуменозни ракави, а во предниот дел е на преклоп, но можете да ја добиете и со големо копче.

Погледнете за какво кошулка всушност станува збор.

Фото: Buro 24/7

Објавено:
31 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
392 пати
Извор: 
Buro 24/7.hr