Сите нијанси на жолто за оваа есен

25 септември 2017

Една од боите која е прва асоцијација за есента, неслучајно е жолтата.

Воедно ова е и една од боите кои ќе ја одбележат оваа сезона.

Ако прошетате во шопинг и ги набљудувате излозите на модните брендови, ќе забележите дека прво вниманието ќе ви го привлечат парчињата обоено во жолто, што патем е и една од најзастапените бои.

Дизајнерите отстапија значителен простор во своите сезонски колекции, токму за жолтата боја, затоа што едноставно ја има таа моќ да го привлече вниманието.

Оваа есен ќе носиме жолто од глава до пети, но дури и ако одлучиме само еден детаљ или моден додаток да биде обоен во жолто, ефектот повторно ќе биде постигнат.

Уличната мода секогаш е интересен извор на инспирација, па затоа одвојуваме неколку различни варијанти како различни нијанси на жолтата боја се имплементирани во изгледите од актуелната улична мода.

Фото извор: Пинтерест

 

 

Објавено:
25 септември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.170 пати