Конечно дојде и сезоната кога кожените парчиња може да ги ставиме на прво место и да ги носиме секаде и секогаш, без разлика на пригодата.

Откако пред неколку дена и кралицата Летиција се појави во кожени панталони во комбинација со долг елек без ракави, повеќе од јасно беше дека повеќе нема правила за тоа каде можеме да се појавиме во кожени парчиња.

Без разлика на тоа дали вашиот стил го опишувате како елегантен, нежен или бунтовен, кожените парчиња можете да ги сместите во било која комбинација.

Коженото здолниште до колената носете го со шармантна бела кошулка или едноставен нежен  џемпер за на работа, кожените панталони со некоја впечатлива блузичка за разни пригоди, а кожениот фустан оставете го за посебни прилики.

Класичните кожени парчиња сезонава добија поинаква димензија, па така ќе видите и кожени кошули со пуфкасти ракави, широки кожени панталони со висок струк, кожени јакни во вид на балонери и уште многу други впечатливи моменти.

Она што е интересно е тоа што доколку не сте обожавател на црна боја, кожените парчиња сезонава доаѓаат во нови и интересни бои, но во галеријата ние сепак ви предлагаме неколку црни кожени класици.

Инфо и фото: Cover.style.hr

Објавено:
7 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.839 пати