Голем дел од годинава што изминува го одбележа еден навистина интересен тренд од кој девојките се чини беа вистински зависни.

Машкиот плакар беше нивната најинтересна дестинација пред секое излегување и секогаш наоѓаа нешто вистински интересно за да ги освежат своите комбинации.

Она со што ќе ја завршиме годината е сивото палто кое изгледа како да е позајмено од плакарот на вашиот сакан, а истовремено е толку тренди и шик.

Ова всушност е она парче во кое навистина вреди да се инвестира и кое го купувате еднаш и го имате засекогаш.

Женското сиво палто од машкото всушност има позајмено многу елементи, почнувајќи од кројот, силуетата, па дури и најмалите детали како копчиња, материјали и слично.

Засега најпопуларен модел е оној со предимензиониран крој и два реда копчиња, а подеднакво посакувани се и карираните и малку подебели сиви палта кои може да се носат и како замена за капут.

Истиот е еден од најпосакуваните сезонава бидејќи може да се носи со фармерки и едноставен џемпер, но и со свечени и секојдневни фустани, па и со класични панталони како целосен женски костим.

Дизајнерските брендови веќе лансираа разни модели како тренд, а веднаш зад нив се и high street брендовите кои исто така имаат одлична понуда.

Во галеријата погледнете некои од омилените модели на сиви палта за оваа сезона.

Објавено:
21 декември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
755 пати