Скандинавска урбана мода на @scandinavianfashions

16 ноември 2018

Листајќи по бесконечната галерија со фотографии на Инстаграм, вниманието ни го привлече профилот @scandinavianfashions каде наидовме на супер урбани комбинации од уличната мода.

Естетиката која се фаворизира на овој профил е блиска до онаа што ја применуваат скандинавските девојки во уличната мода, па може да очекувате инспиративни, автентични, од минималистички до ексцентрични аутфити.

Доколку барате инспирација што ќе ви помогне да му дадете печат на вашиот секојдневен изглед, фотографиите на @scandinavianfashions ќе ви го прошират видикот.

Како да комбинирате зимски и летни материјали, неспоиви принтови или елегантен со спортски изглед – одговорот ќе го најдете на овој профил на Инстаграм.

Фото извор: Инстаграм

 

Објавено:
16 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.565 пати