Со добра џинс јакна ги стартуваме подготовките за есен

15 август 2019

Кога ќе ги надмине границите на времето, едно парче во моднот свет ужива статус на култно, безвременско, секогаш вредно за инвестиција.

Во редот на таквите е и џинс јакната.

Подготовките за есенската сезона, секогаш задолжително ја вклучуваат токму поради нејзиниот култен статус, но и поради фактот што лесно си го наоѓа местото во сечиј стил.

Лесна за комбинирање, џинс јакната е одлична солуција за надополнување на вашиот шик есенски изглед.

Веруваме дека веќе имате во плакарот барем еден модел, но никогаш доволно, затоа одвоивме неколку интересни изданија од уличната мода што ќе ве инспирираат како да ја комбинирате омилената џинс јакна оваа есен.

Фото: Пинтерест

Објавено:
15 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.632 пати