Какви обувки да носите кога носите ѕвонарки?

26 април 2021

Ѕвонарките се тренд кој долета од 70-те години на минатиот век, а нивната цел е да го издолжат и стеснат телото. Тоа го знаат сите вљубеници во модата, па токму затоа со радости ги пречекаа панталоните и фармерките со широка ногавица, кои оваа пролет зачекорија во модните води. 

Меѓутоа, како и секое друго парче облека, така и ѕвонарките сакаат да се комбинирани со вистинските обувки за да го постигнете посакуваниот ефект. Во продолжение, би посочуваме со какви се чевли може да ги комбинирате ѕвонарките оваа пролет. 

Со добрите класични патики

Белите патики се врвот на спортската класика и како такви се супер партнер за ѕвонести панталони/фармерки. Комбинирајте ги со бела маичка со краток ракав и немате утка!

Со сандали

Сандалите со многу ремчиња и дебела потпетица од 90-те се совршен пар за ѕвонестите панталони. Спојувајќи ги овие два големи ретро трендови, добивате совршен изглед на денешницата.

Со влечки

Влечките се одличен избор за летна обувка, а широкиот бохо стил на ѕвонарките ги прави уштенпопривлечни за комбинирање со интересен дизајн на влечки.

Со еспадрили

Едни од најубавите модели летни обувки кои никогаш нема са излезат од мода. Изберете некои со повисока потпетица и поинтересна боја за весел, разигран изглед.

Објавено:
26 април 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.810 пати