Со стил и на дожд: Блогерката Александра Трпеска во тренди јакна-шушкавец од Елена Лука

11 септември 2019

Со оглед на тоа дека есента и календарски ни се доближува, како и дождовите, ако им се верува на временските прогнози, денеска имаме еден за вас супер предлог за тоа како да изгледате добро и на дождливо време.

Инспирацијата ја најдовме во блогерката Александра Трпеска (Инстаграм @Majestic.at ) и македонската модната куќа Елена Лука (elenaluka_official).

Се работи за урбана и тренди комбинација во која ќе се пронајдат сите оние што предност ѝ даваат на удобноста.

Блогерката на себе има впечатлива јакна - шушкавец со таканаречениот „војнички“ принт. Поради изборот на боја, розова, јакната изгледа свежо, привлечно и весело, со што ќе му се спротиставите на тмурното време. Па, дури и да не сте љубител на есента, со нетрпение ќе ја очекувате за да го обоите сивилото токму со едно вакво парче.

Широкиот крој ја прави идеална за жени со различна конституција на тело. Има качулка, која е поставена со ткаенина во црна боја, исто така и ракавите кои можат и да се подвиткаат. Напред се закопчува на патент, а освен шушкавата ткаенина, тоа што ја прави идеална за дождливото време е и должината.

Александра во случајов ја искомбинира со црно памучно фустанче што ја следи линијата на телото и бели патики - совршено за млади урбани девојки и жени. Но, предноста кај ова парче е што супер може да се вклопи и во покласични комбинации, доколку тие повеќе прилегаат на вашиот стил. На пример, оваа јакна со џинс, фраерски гумени чизми и маица е уште една одлична комбинација за претстојната есен.

Повеќе информации околу ова трендовско есенско парче можете да најдете на фејсбук страницата на Елена Лука. Истото е во продажба во ателјеата на Елена Лука, како и на онлајн продавницата на брендот.

Објавено:
11 септември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
893 пати